„НАТО чадорот“ е единственото нешто што навистина функционира, единствената безбедносна гаранција што функционира, изјави поранешната естонска премиерка која е во посета на Вашингтон.
Трамп отфрли каква било можност Украина да се приклучи на НАТО, на што Москва исто така се спротивставува, и беше нејасен за безбедносните гаранции што САД би биле подготвени да и ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот по тригодишна руска инвазија. Nezavisen
НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, директно спротивставувајќи се на позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп . Калас во Вашингтон изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачка маса, додека Трамп директно ќе преговара со рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа француските медиуми. Biznisvesti