Стравувања за положбата на независните медиуми постои и во Србија, која изминативе години тоне на листата на Репортери без граници според индексот на медиумските слободи.
Во заедничка реакција на 15-тина српски независни медиуми упатена до претставници на ЕУ и на неколку земји членки се посочува дека „неочекуваното замрзнување на помошта од УСАИД веќе ја загрози слободата на медиумите во Србија“. Biznisvesti
Независните медиуми во Источна Европа се загрижени дека одлуката на Американската администрација за намалување на средствата за странски програми на Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД) за 92 отсто ќе придонесе за демократско назадување во некои од земјите од овој дел на континентот. Denesen
Според западен дипломат, финансиската состојба на медиумите во Србија дополнително е поткопана и поради политичката криза предизвикана од масовните протести.
Суспендирањето на американските грантови, доаѓа како дополнување на драматичниот пад на приходите од реклами. Biznisvesti
„Тие се обидуваат да ја скршат економијата, но УСАИД одигра централна улога во помагањето да биде еластична, (вклучувајќи) зајакнување на енергетската мрежа...
Дадовме огромна поддршка на украинската влада за да избегне макроекономска криза“, рече претставник на УСАИД. Kanal5