По тензичната и напната средба меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа, украинскиот претседател, Володимир Зеленски вели оти не смета дека треба да му се извини на својот домаќин, додавајќи дека го почитува претседателот на САД и американскиот народ.
Неименуван извор од Белата куќа за весникот Њујорк тајмс изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп би можел да ја укине помошта за Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за продолжување на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш по нивната тензична дебата во Белата куќа, велејќи дека Зеленски се чини дека не сака мир.