Тринаесет наредби се однесуваат на здравствената заштита, вклучително и повлекувањето на САД од Светската здравствена организација, суспензијата на владината веб-страница за информации за репродуктивните и сексуалните права или укинувањето на наредбата на Џо Бајден со која се гарантира пристап до апчиња за абортус.
Еден од уредбите се однесува и на враќање на работа на воениот персонал кој не бил вакциниран против Ковид 19. Десет декрети се однесуваат на технологијата, вклучително и создавање на Национален совет за енергетска доминација, насочен кон развој на производство на енергија за потребите на вештачката интелигенција наспроти конкуренцијата на Кина во таа област. Nezavisen
Четиринаесет извршни наредби се однесуваат на прашања поврзани со различноста и родот, вклучително и оној, што го признава постоењето на само два пола во САД, машки и женски.
Шеснаесет декрети се посветени на програмите за имиграција и прием на бегалци, како и за укинување на правото на државјанство по раѓање. 360stepeni