Канада возвраќа со сопствени царини, Трудо предупредува на ризик за односите Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека Отава веднаш воведува 25 отсто царини на американски производи во вредност од 30 милијарди канадски долари (20,7 милијарди долари), а ако американските мерки останат во сила 21 ден, ќе бидат воведени дополнителни царини за уште 125 милијарди канадски долари (86,2 милијарди долари). – Царините ќе го нарушат исклучително успешниот трговски однос меѓу нашите земји, изјави Трудо, додавајќи дека мерките на Вашингтон го прекршуваат договорот за слободна трговија (УСМЦА), кој Трамп го потпиша во својот прв мандат.