Радикалното палестинско движење Хамас ја нарече „воено злосторство“ и „евтина уцена“ денешната одлука на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прекине доставувањето хуманитарна помош за Појасот Газа, пренесоа светските агенции.
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.
Израел денеска соопшти дека целосно го запира влезот на сите стоки и залихи во Појасот Газа и предупреди на „дополнителни последици“ доколку Хамас не прифати нов предлог за продолжување на примирјето, јавија светските агенции.
Израел го прифати предлогот на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку часа по истекот на првата фаза од претходно договорениот прекин на борбените дејствија.