Соединетите Американски Држави и Украина планираат да потпишат договор за минерални суровини, по расправијата во Овалната соба минатиот петок, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски беше исфрлен од Белата куќа, објави Ројтерс, цитирајќи четири извори запознаени со ситуацијата.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на Њујорк тајмс од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД и да работи под „силното водство“ на претседателот Доналд Трамп.
Володимир Зеленски предложи можен мировен план за ставање крај на војната во Украина, велејќи дека е подготвен да работи „конструктивно“ под „силното раководство“ на Доналд Трамп и да потпише договор со кој САД ќе добијат пристап до рудното богатство на неговата земја.