Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре во Париз ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на унгарскиот премиер, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.
Главна тема на состанокот, кој ќе се одржи на иницијатива на францускиот лидер, ќе биде руско-украинската војна.
Во неделата, лидерите и дипломатските претставници од 18 земји се сретнаа во Лондон, предводени од британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Макрон, за да разговараат за безбедноста на ЕУ. Тоа се случи откако средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, заврши без договор. Denesen
Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре во Париз ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на унгарскиот премиер, пренесе унгарската новинска агенција МТИ. Biznisvesti
Во неделата, лидерите и дипломатските претставници од 18 земји се сретнаа во Лондон, предводени од британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Макрон, за да разговараат за безбедноста на ЕУ. Тоа се случи откако средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, заврши без договор.
После тоа, САД денеска ја прекинаа воената помош за Украина. Kanal5
Британскиот премиер Кир Стармер на денешниот состанок со европските лидери истакна дека добар мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа.
Велика Британија се огради од предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за ограничено почетно едномесечно примирје меѓу Русија и Украина, додека Киев изрази резервираност во врска со прекинот на борбите без безбедносни гаранции, пишува „Фајненшел тајмс“.
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неделниот весник „Ла трибјун диманш“ ја опиша размената на остри зборови меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, завчера во Белата куќа, како „прес-конференција која заврши лошо“ и ги повика двајцата да покажат заемно почитување.
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неделниот весник „Ла трибјун диманш“ ја опиша размената на остри зборови меѓу претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, завчера во Белата куќа, како „прес-конференција која заврши лошо“ и ги повика двајцата да покажат взаемно почитување.
Во организација на британскиот премиер Кир Стармер денеска во Лондон ќе се одржи самит со учество на 15-тина лидери од Европа, посветен на „унапредување на европските активности за Украина и безбедноста“.
Велика Британија му дава кралско добредојде на украинскиот претседател Володомир Зеленски по катастрофата во Белата куќа.
Кремљ денеска соопшти дека некој треба да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи мир, откако расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба покажа колку е тешко да се најде начин да се стави крај на војната.
Имајќи предвид дека е воспоставена нова динамика во руско-американските односи, можно е Европската унија да го промени ставот кон Вашингтон, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.