Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на Њујорк тајмс од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.
Соединетите Американски Држави продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина, и покрај фактот што од денеска повеќе не и даваат воена помош на земјата, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.
Европа потроши повеќе за руска нафта и гас отколку за одбрана на Украина во војната против Русија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.