Американскиот претседател Доналд Трамп ги бранеше новите високи царини против долгогодишните економски партнери на САД, како Канада и Мексико, во своето прво обраќање пред двата дома на Конгресот по враќањето на функцијата.
Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. - Доколку стапат на сила тарифите на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико на тарифите од 25 отсто воведени од САД ќе одговори со контрамерки – царини за американски стоки.
Американскиот министер за трговија Хауард Лутник денеска изјави дека може да дојде до ублажување на царините од 25 отсто за увоз на некои производи од Канада и Мексико, што вчера ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.