Портпаролката на Белата куќа, Каролајн Левит денеска соопшти дека американските власти „водат преговори и дискусии“ со претставници на палестинската група Хамас.
Израелското Министерство за надворешни работи синоќа ја критикуваше резолуцијата усвоена на самитот на Арапската лига во Каиро за обнова на Појасот Газа, оценувајќи дека таа „не успева да одговори“ на реалноста по нападот на радикалната палестинска групација Хамас врз израелска територија на 7 октомври 2023 година.
Арапските лидери во вторникот го поддржаа повоениот план на Египет за Појасот Газа кој ќе им овозможи на неговите приближно 2 милиони Палестинци да останат, како контрапредлог на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја расели територијата и повторно да ја развие како дестинација на плажа.
САД водат разговори со Хамас за заложниците држени во Газа, потврди Белата куќа.