Русија синоќа беше под напад со 337 украински беспилотни летала, а московскиот регион, каде што загина едно лице, беше една од целите на најголемиот напад на руска територија од почетокот на руската офанзива во Украина, во февруари 2022 година, . Нападот се случи неколку часа пред почетокот на преговорите во Саудиска Арабија меѓу украинските и американските претставници за барање решение за конфликтите во Украина, во време кога администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се залага за нивно брзо завршување. Plusinfo