Стотици илјади студенти и граѓани се собраа вчера во центарот на Белград на протестот „15 за 15“, на кој повикаа студентите во блокада поради неправди и корупција, додека власта се бори да го запре повеќемесечниот бес инициран откако во ноември лани се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе, јави МИА од Белград.
Иако дел од студентите во блокада најавија промена на локацијата на одржување на протестот во 16 часот поради безбедносни причини, па наместо пред српскиот парламент, тој да се одржи на плоштадот „Славија“ во центарот на Белград, сепак протестот ќе се случи на првично предвидената локација, односно на платото пред законодавниот дом.
Илјадници демонстранти, главно студенти, се речиси во главниот град на Србија, Белград пред планираните масовни антивладини протести закажани за утре.
Илјадници лица пристигнаа денеска од внатрешноста на Србија и пешки од сите населби и предградија на Белград и се упатија на антивладините демонстрации во центарот на главниот град.