Орбан им порача на организаторите на Парадата на гордоста: Подобро да не се ни обидуваат да ја организираат.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе се пресмета со политичарите и новинарите кои добиваат финансирање од странство и повторно ја отфрли можноста за членство на Украина во ЕУ. Во говорот одржан на митинг во Будимпешта за време на прославата на националниот ден на Унгарија, Орбан рече дека е време да се елиминира „армијата во сенка“ – невладините организации, новинарите, судиите и политичарите платени од САД и Брисел, алудирајќи на неговите планови да преземе строги мерки против невладините организации и медиумите што добиваат средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и од милијардерот Џорџ Сорос.