Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу се претвориле во „движење на насилство“ и најави дека главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) ќе одговара за повредените полицајци и за штетата предизвикана за време на демонстрациите.
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми.
Турските власти приведоа девет новинари кои известуваа за протестите во неколку градови во текот на ноќта против апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, објави утрово Синдикатот на турските новинари.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, од затворот Мармара испрати силна порака до јавноста преку писмо кое го пренесоа неговите адвокати, по неговото апсење во голема полициска акција во Турција.