Премиерот на Гренланд во заминување, Муте Егеде, го обвини Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Гренланд кој е под суверенитет на Кралството Данска, а претстојната посета на американската делегација ја нарече странско мешање, . Егеде денеска објави на социјалната мрежа Фејсбук дека нема да се одржи средба меѓу преодната влада на Гренланд и високата американска делегација, која треба да ја посети земјата подоцна оваа недела.
Гренландскиот премиер Муте Б. Егеде остро ја осуди најавената посета на американска делегација на земјата во која е и сопругата на потпретседателот на САД, Уша Венс.