Премиерот на Гренланд рече дека планираната посета на островот од страна на американски официјални претставници, вклучително и втората дама Уша Венс, е „многу агресивна“, доведувајќи ги односите на ново најниско ниво откако претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ја анектира автономната данска територија, објави Си-ен-ен, пренесува Цивил Медиа Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, ќе отпатува за Гренланд оваа недела за да ја следи националната трка со кучиња на островот и да ја „слави греландската култура и единство“, се вели во соопштението од Белата куќа.