Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека предложените европски воени сили, кои на крајот ќе бидат распоредени во Украина, врз основа на потенцијалниот мировен договор, би можеле „да одговорат на рускиот напад“ доколку Москва го започне.
Лидерите од околу 30 земји – не само од Европа, туку и пошироко, вклучително и Турција и Канада – се состануваат во Париз за да ги зацврстат своите претходни дискусии за тоа што би можела да направи „коалицијата на подготвените“ за да ѝ помогне на Украина во случај на договор за прекин на огнот или мировен договор со САД.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва, во пресрет на самитот на државите кои се подготвени да асистираат во обезбедувањето на евентуален мировен договор меѓу Украина и Русија.