Според извештајот на дописникот на МИА од Брисел, се очекува договорот да ја подобри сигурноста на патиштата во Европа, каде секоја година околу 20.000 лица го губат животот.
Според главниот преговарач во име на Советот на ЕУ, полскиот министер за инфраструктура Дариуш Климчак, овие модификации на правилата за возачки дозволи се одличен пример за тоа колку дигитализацијата е широко распространета во животите на Европејците. Biznisvesti
Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за ажурирање на Директивата за возачки дозволи, со што, меѓу другото, се воведуваат „мобилни дозволи“, нови минималните барања поврзани со способноста на возачите, пробен период за новите возачи и возење со придружба за професионалните возачи почетници. Novamakedonija
Воведуваме единствени стандарди низ Европа и им олеснуваме на младите да станат возачи.
Згора на тоа, ги зајакнуваме нашите волонтерски служби за цивилна заштита и се справуваме со недостигот на квалификувани работници во транспортниот сектор. Novamakedonija