Во исто време, друг извор посочи дека иднината на Волц зависи од тоа што мисли Трамп за сè. Според сликите од екранот (screen shot) од разговорот што ги направи главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, членовите на групата наречена „Houthi PC small group“ разговарале на темата „дали САД треба да извршат напади“, при што во еден момент „Венс се појавил да праша дали сојузниците на САД во Европа, кои се повеќе изложени на прекини на поморскиот сообраќај во регионот, заслужуваат американска помош“.