Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.
Претседателот Доналд Трамп во петокот повтори дека сака да го присоедини Гренланд кон САД, тврдејќи дека тоа е многу важно за меѓународната безбедност, додека неговиот потпретседател ЏејДи Венс ја повика Данска да не инвестира во безбедноста на островот тврдејќи дека би му било подобо под „безбедносниот чадор“ на САД.
Ларс Локе Расмусен, шефот на данската дипломатија возврати на критиките на американската администрација во врска со данското управувањето со Гренланд.
Пратениците на Гренланд вчера се согласија за формирање на нова влада, здружувајќи се во отпорот кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.