Данската премиерка Мете Фредериксен го пофали народот на Гренланд што покажал отпорност на големиот притисок што го врши администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ќе го зајакне военото присуство на Русија на Арктикот, предупредувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ во намерата да го преземе Гренланд.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.
Данскиот министер за надворешни работи одговори на критиките на американското раководство за управувањето со Гренланд, велејќи дека така не зборуваат „блиските сојузници“ и дека САД можат да ја зајакнат својата безбедност без преземање на територијата.