Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и во Бангкок и предизвика пустош во Тајланд, 18 лица загинаа во Бангкок.
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен. Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.
Бројот на жртвите од земјотресот што го погоди Мјанмар достигна повеќе од 1 000 додека спасувачите пребаруваат преживеани низ урнатините, пишува „Гардијан“.
Бројот на загинати по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер што го погоди Мјанмар надмина 1.000.