Висок функционер на Хамас ги повика приврзаниците да земат оружје и да се борат против планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за преселување на 2 милиони Палестинци од Појасот Газа во соседните земји, . – Соочени сме со овој злобен план, оној што ги комбинира масакрите со гладувањето, секој што може да носи оружје, каде било во светот, мора да преземе акција.
Висок функционер на Хамас ги повика поддржувачите на групата ширум светот да земат оружје и да се борат против планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на повеќе од два милиони жители на Газа во соседните земји како Египет и Јордан, пишува Тајмс оф Израел.