На домашна агенда на ЕУ не може да се гледа одвоено од глобалните случувања, како што се заканите по глобалните просперитет и стабилност и растот на протекционизмот, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
На домашна агенда на ЕУ не може да се гледа одвоено од глобалните случувања, како што се заканите по глобалните просперитет и стабилност и растот на протекционизмот, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур на дебатата посветена од заклучоците на Самитот на Унијата одржан на 20 март. Fokus
Соединетите Американски Држави веќе воведоа цариниза увоз на алуминиум, челик и автомобили и ги зголемија царинските стапки за 10 отсто при увоз на производи од Кина.
Проценките се дека таквиот облик на заштита на САД од глобалната конкуренција, може да предизвика силна ескалација на трговска војна со светот за што цехот, во секој случај, ќе го платат граѓаните. Telma
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пред Европскиот парламент изјави дека Европската Унија ги има сите инструменти на маса да одговори на американските царини доколку е потребно, бидејќи светот чека најава за нови трговски мерки од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Kajgana