Истражувањето наведува дека Украинците сега ја гледаат Европа како посигурен сојузник од САД, а 64 отсто од испитаниците мислат дека европските партнери сакаат Украина да постигне мир под прифатливи услови, додека само 24 отсто од испитаниците имаат такво мислење за САД.
Повеќе од 50 отсто од Украинците ги критикуваат мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се плашат дека тие веројатно ќе доведат до делумно или целосно неправеден крај на руската војна против нивната земја, покажува најновата анкета на Меѓународниот институт за социологија во Киев. Nezavisen