Актуелните прашања од заеднички интерес за Скопје и Вашингтон и соработката меѓу двете земји, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО, беа теми на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел.
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оствари кратка, но продуктивна средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио.