Европската комисија следната недела ќе усвои контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и за реципрочните царини од 20 проценти за голем број производи ќе следи по анализа и консултации со земјите-членки.
Од 12 март во сила е одлуката за воведување царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик во САД од целиот свет, а од 3 април и 25 отсто за сите автомобили и автоделови кои не се произведени во САД. Civilmedia
ЕК следната недела ќе усвои контрамерки како одговор на американските царини.
Европската комисија следната недела ќе усвои контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и за реципрочните царини од 20 проценти за голем број производи ќе следи по анализа и консултации со земјите-членки. Kanal5
Трамп рече дека царините ќе му дадат „голема преговарачка моќ“.
До средината на минатата недела, Комисијата се консултираше со земјите-членки за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум и се очекува одлуката да биде донесена в среда и да стапи на сила на 15 април. Novamakedonija
Комисијата објави пропорционален одговор до 26 милијарди евра, што одговара на економскиот опсег на американските царини.
Во однос на контрамерките на американските царини за автомобили и автоделови и за реципрочните царини од 20 проценти, Комисијата посочува дека нема да избрзува, дека сака се детално да анализира. Sitel
На 2 април американскиот претседател Доналд Трамп објави трговска војна на целата планета и најави реципрочни царини, минимум 10 отсто за сите, а уште повисоки царини за околу 60 земји, кои ќе стапат на сила од среда, на 9 април.
Тој воведе царини од 20 отсто за Европската унија и 34 отсто за Кина. Civilmedia