Од 18 март, кога Израел ги продолжи воените операции и со тоа го прекина двомесечното примирје, во Појасот Газа раселени се речиси 400 илјади луѓе, информираат од Кабинетот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН). „Преживеаните во Газа неколкупати беа раселени и принудени да се преселат во помали области каде што не може да се задоволат нивните основни потреби“, Речиси сите 2,4 милиони жители на Газа веќе се раселени барем еднаш од избувнувањето на војната на 7 октомври 2023 година, а прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас започна на 19 јануари.
Во следните неколку недели Израел ќе почне да дозволува дел од хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа.
Хамас синоќа истрела 10 ракети кон јужен Израел во најголемиот таков бараж во последните неколку месеци, јави Тајмс оф Израел.