Трамп помина неколку часа на прегледот кај лекарите во Медицинскиот центар „Волтер Рид“, а на почетокот на неделава, во понеделникот, на платформата Truth Social, објавувајќи го планираниот систематски преглед, напиша дека никогаш не се чувствувал подобро, но дека „овие работи мора да се направат!“. Прес-секретарот Керолин Левит рече дека Трамп „мине низ многу тестови, слики“ и дека тоа е „годишен преглед, затоа се бара многу“, додавајќи дека тој не требало да добие општа анестезија како дел од прегледот.