Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги иззема паметните телефони, компјутерите и другите електронски уреди од новиот пакет царини, вклучително и царината од 145 отсто на увозот од Кина.
Паметните телефони и компјутерите се меѓу многуте технолошки уреди и компоненти кои ќе бидат ослободени од реципрочните тарифи наметнати од претседателот Доналд Трамп, според новите упатства од Царината и граничната заштита на САД, јавува американската тв-мрежа Си-Ен-Би-Си. Упатството, издадено доцна навечер во петокот, доаѓа откако Трамп на почетокот на овој месец воведе царини од 145 отсто на производи од Кина, потег што се закануваше да им наштети на технолошките гиганти како „Епл“e, кој произведува iPhone и повеќето други негови производи во Кина.