Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде новиот германски канцелар, изјави дека се залага за трговија без царини меѓу САД и Европската унија и рече дека 90-дневната пауза на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп е доказ дека обединетиот европски пристап има позитивен ефект.
Партиите ЦДУ/ЦСУ и СПД денеска постигнаа договор за коалицијата што ќе ја формира владата во Германија во следните четири години, а во германските медиуми, но и на социјалните мрежи веднаш започна дискусија: Како ќе се вика новата коалиција?
Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, и веројатен иден германски канцелар, изјави при претставувањето на коалицискиот договор на идната демохристијанско-социјалдемократска влада во Берлин дека договорот претставува силен сигнал за Германија, но и за Европската унија.