Марио Варгас Љоса, еден од најголемите писатели од минатиот и овој век и нобеловец, почина на 89-годишна возраст.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот татко Марио Варгас Љоса почина мирно денеска во Лима, опкружен со своето семејство“, се вели во објавата на син му Алваро Варгас Љоса на X. Варгас Љоса ќе остане најпознат по неговите романи, вклучувајќи ги „Празникот на прчот“, „Разговор во катедралата“, „Војна за крајот на светот“ и „Тетка Хулија и скрибоманот“.