Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите пари на Унгарците ќе треба да се потрошат за нашиот источен сосед – рече Орбан на отворањето на последната делница од автопатот М-44. Тој истакна дека „не само што нема да стигнат средствата од ЕУ што и припаѓаат на Унгарија, туку дури и парите од унгарскиот буџет ќе завршат во Киев, па долго време нема да се гради ништо, а камоли пат“, пренесува унгарски Немзет.