Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп, го опиша својот неодамнешен разговор со рускиот претседател Владимир Путин како „убедлив“ и изјави дека се разговарало за прекин на огнот во Украина и за создавање нови деловни можности, јави Укринформ, повикувајќи се на интервју на Виткоф за „Фокс њуз“.
Во текот на речиси петчасовната средба, Путин изразил подготвеност да обезбеди „траен мир“ со Украина.