Кина нема да посветува внимание ако САД ја продолжат „играта со бројки“ кога станува збор за царините, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи откако Белата куќа објави дека Кина се соочува со царини до 245 отсто поради нејзините одмазднички мерки – пренесе „Ројтерс“.
Во екот на засилената трговска тензија со САД, Кина иницираше дипломатска кампања во Југоисточна Азија, според анализата на Би-Би-Си. Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Виетнам, каде оствари средби со лидерот на Комунистичката партија, То Лам, и премиерот Фам Мин Чин.
Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии жестоко ескалира.