Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати како дел од плановите за спроведување значајни промени во американското дипломатско присуство во странство, се вели во внатрешен документ на Стејт департментот што го виде Си-Ен-Ен. Во документот се препорачува затворање на 10 дипломатски претставништва и 17 конзулати, вклучително и два во БиХ, конзуларни одделенија во Мостар и Бања Лука, пет конзулати во Франција, два во Германија, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.