Според претходните најави, годинава поканите отидоа на неколку адреси, а фактот што некои европски лидери го потврдија нивното доаѓање доведе до предупредување дека „Европа нема да го прифати лесно“.
По состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија оваа недела во Луксембург, шефицата за надворешни работи и безбедност на ЕУ Каја Калас ги предупреди европските лидери да не учествуваат на воените прослави во Москва на 9 мај, туку наместо тоа да покажат солидарност со Украина. Civilmedia
Србија би можела да биде блокирана во процесот на пристапување во Европската унија доколку нејзиниот претседател Александар Вучиќ следниот месец отпатува во Русија на парадата за Денот на победата, пишува британски – Мораме јасно да им ставиме до знаење дека одредени одлуки имаат цена. Plusinfo
Тој додаде дека ова ќе биде првпат Србија да учествува на, како што рече, „заеднички организирана“ парада.
На парадата на 9 мај во Москва, покрај српскиот претседател Александар Вучиќ, се очекува да присуствуваат и словачкиот премиер Роберт Фицо и Милорад Додик, претседателот на Република Српска. Nezavisen
Руските државни медиуми објавија дека Путин ги поканил лидерите на Кина, Израел и Бразил да присуствуваат на прославата на 9 мај во Москва, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Роберт Фицо, премиерот на Словачка, исто така, е потврдено дека ќе присуствува на парадата во Москва, и покрај предупредувањата на ЕУ. Во меѓувреме, Украина ги покани високите лидери и претставници на ЕУ во Кијив на 9 мај за да се спротивстави на руската прослава. Civilmedia