Жени се само оние родени како биолошки жени, пресуди Врховниот суд во Велика Британија во случајот поднесен од шкотското здружение „За жените Шкотска“.
Со пресудата ефективно се изрекува дека поимите жена и пол во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат исклучиво на биолошки пол, а не на законски признат пол врз основа на полов идентитет, јавува Би-Би-Си. Одлуката, образложена на 88 страници, била донесена едногласно, но судот побара таа да не се толкува триумфално од која било страна и потсети дека дека законите сè уште ги штитат трансродовите лица од дискриминација.