Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон постигнување договор за експолатација на украинските минерални суровини, објави Јулија Свириденко, прв заменик-премиер и министер за економија на Украина.
Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето, со нашите американски партнери, на меморандум за намери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина, напиша Свириденко на платформата Х. Без да објави дополнителни детали, таа посочува дека идниот договор кој се очекува да придонесе за економски раст на двете земји, ќе мора да биде ратификуван во украинскиот парламент.