Светската економија функционира и покрај изразената неизвесност поради ескалацијата на царинските војни, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупредувајќи, сепак, дека негативната перцепција може да влијае на економската активност.
„Трговските тензии се како вода што се загрева во тенџере, меурчињата се појавија веќе одамна, а сега зовре“, рече Георгиева во четвртокот во говорот во Вашингтон.