Најмалку 38 лица загинале во вчерашните американски напади врз пристаниште во Јемен, објавија медиумите на Хутите.
Ова е еден од најсмртоносните денови откако САД ги почнаа нападите врз бунтовниците поддржани од Иран, пренесува БТА Вашингтон вети дека нема да ги запре големите напади што започнаа минатиот месец во најголемата воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, освен ако Хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.