Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб, јавува Би-би-си. Погребите на врховните поглавари на Римокатоличката црква, по традиција, вклучуваат три ковчези – направени од чемпрес, олово и даб, но папата Франциск избра да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк.
Папата Франциск почина на 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст, во својата резиденција во Домус Санкта Марта во Ватикан . Ватиканот ја потврди неговата смрт во понеделникот наутро, наведувајќи дека неговиот живот бил посветен на служење, верност и сочувство, особено кон сиромашните и маргинализираните.