Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мисли дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски, е подготвен да го отстапи Крим на Русија како дел од мировниот договор – и покрај претходните отфрлања на таков предлог од страна на Кијив, пренесува Би-би-си. На прашањето дали мисли дека украинскиот претседател е подготвен да ја отстапи контролата врз својот јужен полуостров, кој беше нелегално анектиран од Русија во 2014 година, Трамп одговори: „Мислам дека да“. Civilmedia