Преговорите за Украина денеска влегуваат во „одлучувачка недела“, предвидоа САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го напушти Рим по завршувањето на погребната церемонија на папата Франциск и кратката средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави Си-Ен-Ен. Средбата Трамп-Зеленски во базиликата „Свети Петар“ беше првата средба по нивниот разговор во Белата куќа, кога американскиот претседател се обиде да изврши притисок врз Украина да склучи мировен договор со Русија.
По 15-минутната средба во базиликата Свети Петар во Ватикан помеѓу украинскиот и американскиот претседател, во пред погребот на папата Франциск, Володимир Зеленски и Доналд Трамп се сретнаа со францускиот претседател и британскиот премиер.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски средбата во Ватикан со американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како историска, ако се постигне завршување на војната со Русија.