Неколку часа откако масовниот прекин на електричната енергија погоди големи делови од Шпанија и Португалија, шпанскиот премиер Педро Санчез вели дека причината сè уште се истражува, пренесува Би-би-си. Претходно, претседателот на Европскиот совет и португалскиот премиер изјавија дека „нема индикации“ за сајбер напад Во ажурирањето, Санчез ги предупредува луѓето да избегнуваат шпекулации и вели дека болниците функционираат – тој исто така вели дека електричната енергија е вратена во некои области на север и југ од Шпанија Луѓето пријавуваат дека возат за да најдат отворени бензински пумпи, држат настава во темница, и се обидуваат да најдат пумпи за пиво во Бенидорм Во главниот град на Португалија, Лисабон, репортерот ма Би-би-си вели дека улиците се „задушени од сообраќај“ и ги опишува полицајците кои користат свирчиња и рачни сигнали наместо семафори. Civilmedia