Во јапонскиот град Осака уапсен е маж осомничен за обид за убиство откако со автомобилот удрил во седум деца.
Децата, на возраст од 7 и 8 години, се враќале дома од училиште кога осомничениот намерно тргнал со автомобилот кон нив во мирно станбено подрачје во 13:30 часот по локално време Седумгодишно девојче добило скршена вилица, додека останатите деца, момчиња и девојчиња на возраст од седум и осум години, наводно добиле релативно лесни повреди.