Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина, според податоците од веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Официјални претставници стравуваат дека големо цунами може да го погоди Чиле по разорниот земјотрес што го погоди брегот на Аргентина, поточно превојот Дрејк.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,4 и 7,1 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во краток период во преминот Дрејк, соопшти ЕМСЦ.