Пакистанската армија денеска тестираше балистичка ракета земја-земја со дострел од 450 километри, во услови на зголемени тензии со Индија по убиството на индиски туристи во Кашмир.
Генералот на пакистанската армија, Сајед Асим Мунир, ги посети позициите на пакистанската армија на линијата за разграничување со индиската армија, при што беа прикажани утврдувањата, односно бункерите, и одбранбениот систем во областа.