Најмалку 11 лица се повредени синоќа во руски напад со дронови врз Киев, при што неколку станбени згради беа запалени, сопштија воените служби и градската власт.
Меѓу повредените се малолетници на возраст од 14 и 17 години.
Остатоци од соборените дронови кои паѓаа предизвикаа пожари во станбените згради во областите Облонски и Свјатошински, објави началникот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, на социјалните мрежи. Libertas
Според извештаите од спасувачките екипи, руските напади со беспилотни летала врз Киев предизвикале уништување и пожари во три населби, објави Укринформ, наведувајќи дека вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца.
Претходно, шефот на Службата за државна безбедност на Киев, Тимур Ткаченко, прецизираше дека две деца, на возраст од 14 и 17 години, се повредени во нападот врз киевската населба Оболонски. A1on
Остатоци од соборените дронови кои паѓаа предизвикаа пожари во станбените згради во областите Облонски и Свјатошински, објави началникот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, на социјалните мрежи.
Украинската служба за вонредни ситуации напиша на апликацијата Телеграм дека 76 пожарникари во текот на ноќта биле испратени да ги изгаснат запалените згради и автомобили. Nezavisen
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
Траект со 750 патници што во 20 часот по локално време требаше да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос останува закотвен поради анонимна дојава за поставен експлозивен механизам во бродот, а патниците се евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Бразилската полиција во неделата објави дека спречила бомбашки напад планиран на историскиот концерт на Лејди Гага, кој привлече повеќе од два милиона луѓе на култната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро во саботата ноќта.
Американската пејачка Лејди Гага одржа бесплатен концерт на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро пред повеќе од два милиони луѓе, објавија денес медиумите.
Романците денес почнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на претседателските избори кои беа поништени минатата година поради сомневања за руско мешање во романскиот изборен процес.
В недела, 4 мај, Романците повторно ќе излезат на гласачките места за да го дадат својот глас за избор на нов шеф на државата.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во траење од најмалку 30 дена.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не ја исклучува употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за воена акција за преземање на Гренланд, остров богат со природни ресурси што ѝ припаѓа на Данска, но има широка автономија.